Целта на оваа работилница е едукација на младите членови на општеството за важноста на чистата вода и нејзиното влијание врз човековото здравје, биодиверзитетот, животната средина и човековите права. Со кратки и интересни предавања, ќе им доловиме на младите генерации зошто треба да водат посебна грижа за водата како ресурс.
Линкот за пристап до дебатата е :
https://us04web.zoom.us/j/172292949Предавачи:
15:00 - 15:15 Кирил Пржо Арсовски - Homo sapiens, професор по биологија и главен уредник на ДОМА (doma.edu.mk).
Наслов: "Еколошкото значењето на водните станишта во ерата на климатските промени."
15:15 - 15:30 Олгица Рибар - Дипломиран доктор по медицина. Вљубеник во природата и уметноста.
Наслов: "Водата и санитацијата и нивната улога во зачувување на човековото здравје и борба против Covid19."
15:30 - 15:45 Евгенија Крстевска - Планинарка, адвокатка и граѓански активист.
Наслов: "Зошто секој од нас има право на вода и санитација како основно човеково право?"
15:45 - 16:00 Дискусија
Copyright © 2020 water4changes - All rights reserved