Повик за учество на фото конкурс на тема “Водата. Човекот. Државата.”

По повод Светскиот ден на водата објавуваме фото-конкурс за учество на изложба на тема “Водата. Човекот. Државата.” Најдобрите 15 фотографии од конкурсот ќе бидат изложени во просториите на Културниот Центар на општина центар - “Јадро” на 22-ри Март 2021 година во периодот од 10:00-16:00часот. Целта на оваа изложба е подигање на свесноста за значајноста на водата и потребата од воведување на правото на чиста вода и санитација како основно човеково право во Уставот на Република Северна Македонија.

Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите фотографии на маилот water4changes@gmail.com не подоцна од 17.03.2021 година. Фотографиите може да бидат едитирани. Може да бидат сликани со телефон или фото апарат. Аматерски фотографии се исто така добредојдени. Форматот на фотографијата треба да биде А4. Фотографиите ќе бидат оценувани од четири-члено жири. Најкреативните 3 фотографии ќе бидат наградени со симболични награди од нашите спонзори.


Објавено на: 12.03.2021
photo-competition-water-man-state