Покана за виртуелна дебата

Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија.


Обезбедување на безбедна вода, санитација и хигиена се од суштинско значење за заштита на здравјето на луѓето во појава на сите заразни инфективни заболувања, вклучително и на вирусот COVID-19. Обезбедување на добра и доследна примена на WASH практики за управување со отпад во заедниците, домовите, училиштата, места на пазарот и здравствени установи ќе помогнат во спречувањето на пренесување на вирусот СОВИД-19 од човек на човек.

Најважните информации во врска со WASH и вирусот COVID-19 е одржувањето на личната хигиена и тоа преку честата и правилна хигиена на рацете, што е една од најважните мерки за спречување на инфекција со вирусот СОВИД-19. Неспорно е дека многу придобивки ќе бидат реализирани со безбедно управување со водата и санитарни услуги, како и примена на добри хигиенски практики.

НВО Новинари за човекови права како промотор на правичниот пристап до вода и санитација во соработка со проектот Water4changes-Вода поддржан од Global shapers hub Skopje Ве покануваме на виртуелна дебата на тема на тема „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија„.

Дебатата ќе се одржи во петок, на 27ми Март, со почеtок во 12 часот, преку апликацијата zoom.

Oд голема важност е да празговараме на оваа тема и да ја продолжиме дебатата за управувањето со водните ресурси во Рeпублика Северна Македонија во услови на криза и иницијативата за имплементацијата на правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот.


Линкот за пристап до дебатата е :

https://us04web.zoom.us/j/581768356




Агенда



Излагачи:

12:00-12:15 Наташа Доковска (Новинари за човекови права), Неопходноста од правичен пристап до вода и санитација во услови на криза.

12:15-12:30 Eвгенија Крстевска (Global shaper, адвокат, докторанд и граѓански активист), Зошто Македонија итно треба да го имплементира правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот?

12:30-12:45 Професор Д-р. Михаил Кочубовски (Институт за јавно здравје), Пристапот до вода и санитација како предуслов во борбата со пандемијата.

12:45-13:00 Бистра Михаилова (Wомен Engaged for Common Future-WECF), Улогата на граѓанскиот сектор во справување со пандемијата, искуство од Германија.

13:00-13:30 Дискусија



За сите дополнителни информации контактирајте ги:


Евгенија Крстевска
http://water4changes.org/
evgenija.krstevska@yahoo.com
+389 76 61 46 62

Наташа Доковска
www.jhrmk.org
detstvo@detstvo.org.mk
+389 70277619