По препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија од 10.03.2020 година за забрана на масовни собири на отворено и затворено, за општо добро и со цел зачувување на здравјето на граѓаните и поканетите гости се откажува конференцијата “Water4changes - Вода за промени” закажана за 23.03.2020 г. Сметаме дека како што е битно правото на здравје на секој човек во оваа држава, така и правото на вода и санитација во вакви ситуации имаат огромно влијание врз неговото зачувување. За новиот датум и останатите детали, ќе бидете благовремено известени.
Од страна на организацијата, сакаме да се заблагодариме за пројавениот интерес за присуство.
Со почит,
Евгенија Крстевска
http://water4changes.org/
evgenija.krstevska@yahoo.com
+389 76 61 46 62
Наташа Доковска
www.jhrmk.org
detstvo@detstvo.org.mk
+389 70277619
Copyright © 2020 water4changes - All rights reserved