Повик за учество

Почитуван/а,


Загрижени за влијанието на климатските промени врз водните талози во државата, лошто управување со водите и можноста за приватизација на изворите со вода за пиење поради недоречености во националната легислативата, фактичкото остварување на правото на пристап до квалитетна и пристапна вода за пиење на граѓаните, лошите санитарни услови на ранливите категории, условите во училиштата за одржување на лична хигиена и потребата од функционалните тоалети, условите на работните места, моменталната состојба на реките и езерата во државата како и конфликтите за вода кои се појавувале во минатите години поради зголемена компетенција за искористување на водата како ресурс, во организација на проектот Water4changes-Вода за промени поддржан од Global shapers hub Skopje и Новинари за човекови права,


ВЕ ПОКАНУВАМЕ


По повод светскиот ден на водите, да земете активно учество на првата конференција “Water4changes - Вода за промени” која ќе се одржи на 23.03.2020 година со почеток во 10:30 часот во Europe house, и да дадете свој допринос во покренувањето на јавна дебата за управувањето со водните ресурси во Рeпублика Северна Македонија и иницијативата за имплементацијата на правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот.



Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на следните лица за контакт:


Евгенија Крстевска
http://water4changes.org/
evgenija.krstevska@yahoo.com
+389 76 61 46 62

Наташа Доковска
www.jhrmk.org
detstvo@detstvo.org.mk
+389 70277619