Граѓаните на Република Северна Македонија се еколошки неедуцирани кога станува збор за тоа како да ги остварат своите права, но и во меѓувреме да ја заштитат и зачуваат животната средина во која што живеат.
Поради непостоење на правна пракса за заштита на правата од животна средина, особено до правото на пристап до вода за пиење и санитација како основно човеково право признато од Обединетите нации со Резолуција 64/292 како и уставното начело на недискриминација и правото на живот, право на здрава животна средина, право на здравје и домување, граѓаните секојдневно се соочуваат со повреда на истите.
Првичната цел на овој проект е да изврши едукација на граѓаните за тоа како да постапуваат со водата како ресурс и како истата да ја заштитат. Со фокус на едукација на младите и ранливите групи на граѓани, овој проект ќе помогне во заштита на нивното право на вода и санитација.
Земајќи ги во предвид влијанијата на климатските промени врз водните талози во државата, како и нивната неееднаква дистрибуција на територијата на Република Северна Македонија, со овој проект сакаме да поттикнеме и развиеме јавна дебата за заштита на водните ресурси во државата како и остварување на правото на вода и санитација затоа што истата во минатите години отсуствува.
За таа цел, на 23 март во склоп на овој проект ќе биде организирана конференција на која научната фела со помош на странски експерти ќе дискутира за неопходноста на имплементацијата на правото на вода и санитација во Уставот на Република Северна Македонија и можните идејни модели и решенија за тоа.
Преку гостување во ТВ емисии и организирање на работилници.
Размена на информации и поттикнување на дискусија за заштита на правото на вода и санитација во државата.
Лобирање за имплементација на можните решенија дискутирани на конференцијата и директно влијаење врз политиките на управување со водните ресурси на надлежните институции.
ЈА ГРАДИМЕ НАШАТА ИДНИНА! Време е за првиот светски план за закрепнување воден од младите! ...
По повод Светскиот ден на водата објавуваме фото-конкурс за учество на изложба на тема “Водата. Човекот. Државата.”...
Global Shapers Moscow Hub is pleased to announce the upcoming event...
Take a sneak peek at our project portfolio and get involved.
Во соработка со хабовите од Шведска, Индија, Нигерија и Македонија денес се одржа webinar на темата...
Денес се одржа младинската виртуелна работилница на која што...
Во соработка со Fridays For Future Skopje, во третата епизода од „Разговори за иднината“...
На наше задоволство, во соработка со хабовите од Нигерија, Индија, САД, Шведска и Македонија...
Погледнете дел од атмосферата на виртуелната дебата.
Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија.
Правото на вода и санитација е основно човеково право кое...
Одлука за одложување на настан.
Објавен е повикот за учество на првата конференција water4changes - Вода за промени.
Copyright © 2020 water4changes - All rights reserved